Иницијативата „Канцерогено општество“ за денеска најави нов протест пред Собранието против загадувањето на воздухот.

Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието. Бараат од надлежните во рок од една година да ги решат регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и апелираат на заедничко дејствување со сите екоздруженија и активисти.

Едно од клучните барања на нашата организација е решавање на сите жешки еколошки точки во рок од една година, како што се: „Охис“, „Јегуновце“, РЕК „Битола“, „Железара“ и „Дрисла“. Исто така, треба да се воведе нова технологија за решавање на регионалните депонии што се под локална власт и создавање национален план за селектирање и рециклирање на отпадот, порачаа од иницијативата „Канцерогено општество“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.