Депонијата во Ново Село е поголема од било кога, и не само што не се празни туку не престанува да се полни, алармираат жителите на Општина Ѓорче Петров.

Додаваат дека она што е најстрашно, е што самата општина Ѓорче Петров ја полни иако излажаа дека е комплетно исчистена.

На видеото се гледа камион во сопственост на општина Ѓорче Петров со регистерски таблички SK – 430- SH како во сред бел ден доаѓа и истура шут.

На 27 јануари Град Скопје, а на 29 февруари градоначалникот Александар Наумоски објавија дека депонијата се чисти и дека ќе се потрошат 10 милиони денари за таа намена.
Парите се потрошија, а ѓубрето не е исчистено!
За сè има видео и фото докази !
Вака ли е грижите за граѓаните ?
Ова ли е правилна грижа во ек на пандемија ?
Што кога ќе се запали?

Кој од ова профитира и зошто се отвараат рампите само за возила на одредени фирми?, прашуваат ѓорчепетровци.

Жителите изминатата есен неколкупати организираа големи протест токму поради проблемот со депонијата, кој го загрозува здравјето на сите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.