Рибарите кои ловат на реката Лепенец уште во март го предупредија здружението на рибари дека во водата се испушта бела опасна материја, од некоја од фирмите кои се наоѓаат долж течението.

Од здружението „Рибар 2011“, концесионер на рибниот фонд на скопскиот дел од Вардар, тогаш излегоа на терен и го констатираа истото.

По жалбите од рибарите кои ловат на реката Лепенец, дека некоја од фирмите над базата на „Гранит“ во делот на Орман испушта бела течност во реката Лепенец при што водата во реката станува бела. Искочивме на терен и го констатиравме истото,ќе пријавиме до инспекторат на град Скопје и општина Ѓорче Петров,нивните служби да излезат и да ги санкционираат загадувачите на реката Лепенец, кажаа тогаш од здружението.

Но, неколку недели подоцна, состојбата со Лепенец не само што не е средена, туку е влошена до алармантно ниво.

Фотографии и видеа за тоа како депонијата кај селото Орман во Ѓорче Петров се полни со ѓубре стигнаа до редакцијата на „Република“. На нив јасно се гледа дека камион со скопски регистерски таблички со ѓубре, шут и смет се растоварува на дивата депонија, која се наоѓа веднаш до реката.

Ова за нас во населбата Орман може да биде озбилен проблем, апелираат граѓаните, кои се загрижени дека депонијата се шири, сметот се разнесува, смрдеата и заразите демнат.

Депонијата се наоѓа на клучката каде жителите на Воклово се вклучуваат на обиколницата. Тие уште во зимата апелираа дека сметот се разнесува и низ Волково, со што се зарозува здравјето, пред сè на децата, но и на сите жители од овој дел. Летото доаѓа, како што се шири депонијата ќе се шират и смрдеа и зарази.

„Република“ веќе пишуваше дека граѓаните во март пријавија во Инспекторатот на Град Скопје, директно кај директорот Мирослав Богдановски.

Од таму испратија екипа од тројца инспектори кои дојдоа на 10 јануари. Фотографираа и тука заврши се. Не можеле ништо да направат. Ни рекоа сами да сме си нашле решение, не упарија во Сектор за Комунални работи. Тој сектор е под Град Скопје, како што е и инспекторатот, но нема интерес за решавање на проблемот, се пожалија тогаш граѓаните.

За жителите на Ѓорче Петров ова не е прва борба против депонијата. Секоја сабота во текот на декември тие излегуваа да НЕ на загадувањето на воздухот и негрижата на институциите за животната средина.

Ова е „туморот” на општина Ѓорче Петров, местото од каде што „метастазира” загадувањето на целата општина. Може да се согледа дека со текот на годините констатно се зголемува, а во последните две години доживува кулуминација во целото постоење. Тоа се должи на фактот што рампите се кренати од двата влеза (од кај Ново Село и од кај н. Даме Груев) и што чуварската служба е елиминирана, апелираа ѓорчепетровци за депонијата кај Ново Село.

Граѓаните уште еднаш апелираат и ги повикуваат Комунална хигиена Скопје, Општина Ѓорче Петров, Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Инспекторатот на град Скопје, инспекциски служби, секој што може да помогне, да се стави крај на уништувањето и да се сопре полнењето на дивата депонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.