Новогодишната забава на плоштадот Македонија, судејќи според фотографиите, била место каде многумина жители на Скопје, но и на останатие градови ја дочекале новата 2020. Сепак, фотографиите по настапот на Дино Мерлин сведочат дека забавата им била многу поважна од запазувањето на јавната хигиена.

На социјалните мрежи беа споделени повеќе фотографии на кои може да се види дека по заминувањето на граѓаните, на плоштадот останала огромна количина на ѓубре и тоа лименки, шишиња, пакувања од храна и слично.

За жал, многумина коментирајќи ги овие навики доаѓаат до заклучокот дека ако сакаме да имаме чист град, секој жител, па и посетител, мора да придонесе за тоа со своето одговорно однесување.

(Фото – Фејсбук)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.