ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

Билетот чини 50 денари, хартиен е со вграден безконтактен чип, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот кој се плаќа со мобилен телефон е 40 денари…

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.