Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и во автобус да носат заштитна маска.

Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, соопшти ЈСП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.