Имајќи ги во предвид предизвиците поврзани со сериозноста на економската положба во која се наоѓаат граѓаните, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, состојби од кои не се исклучени и вработените во ЈП Водовод и канализација, Директорот на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, ќе предложи до Управниот добро на претпријатието да се пристапи кон линеарно покачување на платите на сите вработени во ЈП Водовод и канализација.

Ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2,806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по 13 годишна нивна стагнација.

Ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои соочува Јавното Претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП Водовод и канализација. Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124,316,964 денари, Општина Зелениково 41,320,352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.