Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски, информираат од јавното претпријатие.

Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, ќе работиме на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво. Тоа значи подобри услуги за нашите корисници, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот, вели новиот в.д. директор на јавното претпријатие, Душко Коцевски.

Душко Коцевски е роден на 17.12.1988 година во Скопје, каде и го завршува основното и средното образование. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Финансиски менаџмент.

Моментално ги завршува постдипломските студии на CITY College Thessaloniki, International Faculty of the University of Sheffield, каде ќе се стекне со титулата Магистер по бизнис администрација (Executive MBA).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.