Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре, 01.06.2022 година, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д.

Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот.

Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.