По забелешките на корисниците констатирани во последната анкета, ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје презеде вонредна активност за чистење на катната гаража „26 Јули“.

Минатата недела беше спроведена акција во која целодневно се чистеа паркинзите и вертикалите на сите 8 нивоа со специјални машини за чистење и отстранување на маслото од катната гаража.

Претпријатието и во иднина ќе спроведува акции од ваков тип се со цел одржување на хигиената на катните гаражи, порачаа надлежните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.