Ленин Јовановски од „Слобода превоз“  во интервјуто за „Република“ проговори за односот кој го имаа со градоначалничката Арсовска со која беа и пријатели.

Односите се сменија преку ноќ во моментот кога јас застанав во одбрана на приватните превозници  и одбрана на побарувањата на нивниот долг веќе следниот ден имаше чуден напад со тешки квалификации за криминали.Таа блискост и комуникација на некој начин е изневерена или злоупотребена.Ние ја поддржувавме градоначалничката и пред и после изборите со надеж дека таа ќе се заложи да исполни некои од ветувањата кои им ги даде на приватните превозници заради што ја доби и мојата лична поддршка. Меѓутоа се се смени откако седна на тоа столче и го смени мислењето и концептот за нејзино понатамошно управување од позиција на градоначалник.

Тој вели дека не се кае што ја поддржал но се чуствува излажан.

Кога се работи за некој човек кој ќе знае да ви влијае доверба и кој ќе ви вети нешто а не го исполнува можам само да бидам разочаран и евентуално да се извинам ако тоа нешто му значи на некого за таа поддршка што ја дадов заради тоа што бев изманипулиран на перфиден начин.Гледам дека се работи за сосема поинаква личност од онаа што мислев дека ја познавам. Не сме веќе пријатели, не можете вие пријателот да го бодете, да го навредувате, да му правите непријатни состојби од позиција градоначалник.Никој не би помисил дека такви лаги и манипулации би излегле од една висока позиција која што и е доверена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.