Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за „Студио 10“ вели дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката која ја договориле на последниот состанок. Долгот од ЈСП кон нив надминува еден милион евра. Потенцира дека е потребно итно решение за надминување на ситуацијата.

Ова што се случува е голем притисок за нас. Наместо да сме во Град Скопје и да најдеме решение, за жал мора да се докажуваме од обвинувањата по медиумите. Градоначалничката има едно објаснување, ние друго. Таа е погрешно информирана. И ако некаде треба да бара причина за ваквата лоша состојба треба да ја бара околу нејзините соработници или оние кои ја обвинуваат ситуацијава, изнесуваат неточни информации кои немаат врска со реалната состојба. Ситуацијата е сложена, вели Јовановски.

Додава дека ако се продолжи без наоѓање на решение, ќе се создадат уште поголеми проблеми.

Кога одите со некој да разговарате сметате дека тој има некакво решение. Нас не ни беше дадено решение. Едноставно кажуваат дека немаат пари, дека немаат средства за да течат исплатите и дека не знаат кога ке имаат средства. Нас ЈСП ни дава средства. Градот нас не ни е должен туку како надлежен орган, како сопственик на ЈСП побаравме да помогне во дадената ситуација. Нас ни должат огромна сума на пари, малку повеке од 1 милион евра. За да е уште полоша ситуацијата, сега завршува месецот и долгот ке се зголеми за нови 25 милиони денари или над милион и пол евра долг кон Слобода превоз. Се должи од август до ноември. Не е како во ЈСП каде им каснеше платата 3 дена и се направи толкава бука и се реши проблемот. Ние збориме за долг повеке од три месеци. Никој не се потруди да најде начин да го намали, вели Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.