Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во вечерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.

Како можна опција, Јовановски го посочи штрајкот со глад, но како што рече, останува на превозниците да одлучат во која насока би се движела евентуалната радикализација на протестите.

Приватните превозници коленичеа неколку пати пред градското собрание да бидат примени и барем сослушани од градоаначалничката која во предизборието им ветуваше дека ќе биде со нив за секој проблем. Гледаме дека не сака да ги прими. Нема што да бараме некој да не прими ако тој не сака. Бидејќи таа не знае како, и е сплеткана во таква пајажина, од која, сигурен сум дека не може да излезе, нека остави на стручните служби на ЈСП, на секторот за сообраќај и нас како приватни превозници на еден стручен начин да изнајдеме решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните. Но, ако градоначалничката нив им се заканува и не им дозволува да контактираат и да ја завршат работата онака како што е предвидена во одлуките и законите тогаш ќе тонеме во еден ваков правец“, вели Јовановски од „Слобода превоз“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.