Градоначалникот на Ѓорче Петров на мала врата сакаше да протне набавка на две машини за перење во вредност од верувале или не 25 илјади евра. Во исто време кога пазарната вредност за истите е двојно помала.
Набавката Наумоски сакал да ја реализира преку детската градинка Росица, преку јавен повик кој траел само 15 дена, на кој се пријавиле две фирми, од кои на едната и биле одбиени документите како нецелосни, за да остане понудата на ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, фирма која во изминативе две години добива тендери во Ѓорче Петров, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие прашуваат дали ДОН ХОЛДИНГ е фирма сопственост на братучед на Наумоски? И ако да ова ја прави постапката уште по проблематична.

ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, само во април и мај има 4 тендери со Општина Ѓорче Петров и со градинката Росица. Тендери во вредност од 185.000 евра.

Наумоски откако ВМРО-ДПМНЕ го објави скандалот се вели дека ќе го поништи огласот, но тоа не го аболира од намерата дека сакал да ги купи машини и истите да ги преплати, а за некој да направи разлика од над 12 илјади евра кои требале да завршат во нечиј џеб.

ЈО мора да реагира, нереагирањето само ги мотивира сите да прават слични дела и да го крадат народот.

ЈО со нереагирање му помага на Заев да создаде граѓани од прв и граѓани од втор ред. Едни кои не одговараат пред законите, а другите кои се шиканирани.

Време е да ставиме крај на поделбата на Заев и СДСМ на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.