Сопствениците на фирми кои ги добиваат тендерите од општините со кои раководеа СДСМ во изминатиот период се приморани да се појават и во кампањата на актуелните кандидати за градоначалници. Па така во еден од спотовите за Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Општина Центар, предложен од СДСМ се појавува физиотерапевтот Велимир Тричковски.

Тричковски важи за еден од најпосветените физиотерапевти на Инфективната клиника, особено во овој период на корона криза. Но она што предизвика реакција е фактот дека Тричковски, кој е дел од промотивните спотови на СДСМ за Општина Центар е истиот оној Тричковски кој добивал тендери и склучувал договори со Општина Центар.

Приватна здравствена установа – ординација по физикална медицина и рехабилитација ТВОЕ ЗДРАВЈЕ Скопје, каде како управител се потпишува Велимир Тричковски, има склучено договори со Општина Центар за Дијагностички и превентивни на `рбетниот столб и долните екстремитети кај децата ученици од прво одделение во основните училишта во Општина Центар. Овој договор е склучен на 18 мај 2018 година.

Во 2020 година е склучен уште еден ваков договор со Велимир Тричковски. Овојпат не се работи за Твое Здравје, Велимир Тричковски сега се јавува како управител на Здружение за унапредување на психофизичкото здравје кај децата ИСПРАВИ СЕ. Во февруари 2020 година повторно е спроведена Јавна набавка за Дијагностички и превентивни на `рбетниот столб и долните екстремитети кај децата ученици од прво одделение во основните училишта во Општина Центар. Со Здружението каде управител се јавува Тричковски е склучен договор на 27 февруари 2020 година, во времетраење од една година.

Сега Тричковски има друга задача. Негова обврска е собирање гласови на контото на кандидатот за градоначалник кој е од истата партија со оној кој му ги доделувал јавните набавки. Па така Тричковски го фали Герасимовски во предизборен спот, а Герасимовски се заблгодарував на Другарот Вељо за поддршката.

Тричковски важи за близок до власта. Тој беше дел и од други кампањи на Владата и Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.