Јакимовски верува дека Општина Карпош ќе има пари сите проекти да ги реализира, но оти мора да се работи одговорно.

Пари никогаш доста, но треба да си ги заскукаш ракавите и да бараш приходи за општината.Општината 2016 година ја оставив со 11 милиони евра приход, 2017 имаш седумипол милиони евра, а сега падна на пет милиони евра приход. Но, не можеш да играш „Кантер страјк“ и да бараш приходи. Не можеш да одиш по белиот свет, по Малдиви, секој викенд по четврток да си одиш во Грција на Халкидики, да одиш во Америка по 20 дена. Не паѓаат приходите од Господ. Јас во живот не сум отишол повеќе од 4-5 дена на одмор – објаснува Јакимовски во интервјуто за „Република“.

Тој вели дека во 2017 граѓаните гласаа против и еве какви градоначалници имаме.

Катастрофа. Имаме градоначалници кои не излегуваат од кафана. Во 8 и 30 наутро оди во кафуле и бара виски и пие во чаша од кафе за да не сфатат граѓаните дека пие уште од изутрина – открива Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.