Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири.

Јакимовски, информираат од општина Карпош, најави дека ќе побара од советот на општината во буџетот за следната година, да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција.

Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал, забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на Совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција – рече Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.