Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски најави реконструкција на сите спортски игралишта во општината.

Терените кои се изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени оградите и секаде ќе биде поставена вештачка трева.

Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно ова игралиште овде во Нерези исто така ќе биде реконструирано. Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата, а во исто време и детското игралиште кое е во близина, а кое во моментот изгледа мизерно, ќе го обновиме за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези – рече Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.