Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, утрово повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски во обраќањето во живо од градинката соопшти три главни причини поради што дошло до паѓање на таванот.

Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација се во интерес на безбедноста на нашите најмали жители во општина Карпош, соопшти Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.