Вознемирувачки фотографии се споделуваат на социјалните мрежи, на кои се гледа еколошката катастрофа која од Јегуновце загадува поголем регион.

Како што пишува авторот на фотографиите Југослава Дуковска, на нив се гледа исцедокот од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце, а токсичниот исцедок се влева во Вардар.

Она на другиот брег на Вардар е планината Жеден. Од другата страна на планината се изворите Рашче. Ја гледате гадотијава во сите нијанси на жолто и зелено што истекува непречено? Е, тоа е шествалентен хром! Ај, сега изгуглајте колку видови канцер предизвикуваат хромните соединенија во водата што ја пиеме и од која се наводнуваат нашите бавчи и ниви! Еееј!!! Ми се гади, ми с е гади!!!, бесно коментира Дуковска.

Decki, ova sto go gledate e iscedokot od deponijata na Jugohrom vo Jegunovce. Onaa voda sto ja gledate, kaj sto se vleva…

Gepostet von Jugoslava Dukovska am Samstag, 17. Oktober 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.