Во Скопје денеска ќе има изменет сообраќаен режим поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили” што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко”, по улицата „Филип Втори Македонски”, лево по булеварот „Гоце Делчев”, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди”, десно по булеварот „8 Септември” и десно по булеварот „Илинден” до Градски парк (Школка).

Утре пак, од 09 до 13 часот, во организација на Амбасадата на САД, ќе се одржи трка со пречки под наслов „Трчам да се сеќавам“, со траса на движење од пред Амбасадата на САД до Градски стадион, и назад. Посебен режим на сообраќајот ќе има на дел од улицата „Лазар Личеноски“, од крстосницата со улицата „362“ до крстосницата со улицата „Самоилова“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.