Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски вечерва соопшти дека во општината вечерва избувнал голем пожар, кој зафатил семејни куќи.

По информацијата дека има активен пожар на територија на Гази Баба, веднаш излегов на терен. Доцна вечерва домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев ги зафати силен пожар. За среќа, членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени. Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје, пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи тој да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина“, напиша Стефковски на Фејсбук.

Тој додаде дека на семејствата им е понудено место за преноќување, а од утре општината ќе бара начини да обезбеди финансиска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.