Десет посетители биле избркани денеска од Зоолошката градина во Скопје, поради непочитување на кодексот на однесување.

Денес избркани 10 луѓе поради хранење. Пцуена, колнета ама ред мора да има, вели Тина Мицковска, задолжена за односи со јавноста, на „Фејсбук“.

Во скопската Зоолошка градина од средата се поставени табли со кодекс на однесување, со кој на посетителите им се укажува дека доколку ги хранат, вознемируваат или фрлаат ѓубре во животинските живеалишта можат да бидат казнети и отстранети од Градината.

На таблите јасно е истакнато дека секој кој храни, вознемирува, допира животни и фрла отпадок во нивните живеалишта, може да биде отстранет од градината, но и подлежи на казна. Искрено се надеваме дека ќе ги почитувате правилата за поубава градина и благосостојба на животните, велат од ЗОО Скопје на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.