Избрани кумот и здравичарот за Бадник 2020

Скопје 11.12.2019 / 13:25

Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, која наиде на општо одобрување и поддршка кај скопјани.

За Кум бадникар за 2020 година е избран г-динот Антони Пешев, а здравицата ќе ја каже г-динот Климе Коробар.  На прес конференцијата овогодинешниот здравичар г-динот Миле Сирма и подари на бадникарите даборез изработен од него и неговото семејство.

Традиционално, на 22-ти, во Декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6-ти Јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче, нафората и  голтката топла ракија, во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик. Кумот за Бадник 2020 со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ Г.Г.Стефан, поздравен од своите сограѓани, задоволни што нивниот град негува уште една убава традиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.