Вечерва можност за нов засилен ветер во главниот град и околината прогнозираат од УХМР. Од Град Скопје, апелираат да се избегнува движење и паркирање на возилата во близина на дрва.

Согласно најавите од УХМР и можноста за врнежи на дожд и засилен ветар во текот на во текот на попладневните и вечерните часови, апелираме до граѓаните:
– да избегнуваат движење под дрвореди и по патеки покриени со дрвја;
– да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја;
Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.

Пред неколку дена силен ветер уништи неколку автомобили во Кисела Вода, а направи проблеми и на булеварот „Партизански одреди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.