Откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска на засадувањето на новите јапонски цреши на улицата „Максим Горки“ рече дека градот продолжува да се грижи за зеленилото, Ивор Мицковски на својот фејсбук профил напиша:

Шилегов денеска изјави дека за разлика од претходниците они не сечеле дрва за згради.
Ај вака малку крв у мозок да им испратиме.
Јужен градат како луди.
Саем се исекоа преку илјада дрва.
Тафталиџе е цело во нови згради и тоа 9 катници.
Карпош потегот кај Имес е цел изграден, Водно е искасапено до Матка, Сарај е цел во згради, Парк шумата во Гази Баба се делка за згради, во Кисела Вода кај Расадник ќе дигаат 100 згради и сега ова.
Е па стварно треба да си малоумен да даваш вакви изјави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.