Новите шест амбулантски возила на Службата за Итна медицинска помош се пуштени во употреба, соопшти Здравствен дом на Скопје.

Со тоа, за прв пат по подолг временски период, Службата за итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање четиринаесет возила.

Вчера сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема со што од синоќа веќе се во фунција з потребите на граѓаните на Град Скопје и за околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје.

Ова значително ја подобрува ефикасноста на Службата за итна медицинска помош, којашто како единствена за град Скопје и околните населени места, овозможува 24-часовна здравствена заштита во делот на вонболничка ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот на животно загрозувачки состојби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.