Исечените 13 јапонски цреши на скопската улица „Максим Горки“ беа стари и болни и на нивно место во понеделник, 18 ноември, ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.

„ЈП ‘Паркови и Зеленило’, на барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата Максим Горки. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје“, велат од Општината.

Оттаму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.

фото: Фејсбук, Центар сака да дише

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.