Исечени се само болните дрјва на улицата „Максим Горки“ кои беа целосно исушени поради габични заболувања велат од Град Скопје по бурните реакции на јавноста поради сечата на јапонските цреши што утрината ја спроведоа екипи на „Паркови и зеленило“.

Исечени се дрвјата кои се на левата страна на улицата.

Градските власти најавуваат дека на истиот потег од понеделник ќе се заседат 18 нови јапонски цреши, со што ќе се обновел дрворедот. Градот објаснува дека сечата била на барање на општина Центар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.