Укинете го Министерството за животна средина!Шо ќе ни е?! Шо ќе ни е?!Пластични шишиња и разен друг отпад со саати и саати течат со Вардар!!!И така со години!!!, напиша на Фејсбук актерката Ирена Ристиќ, споделувајќи видео од реката Вардар полна со ѓубре.

Слободно украдете ги парите со кои би се санирала оваа хаварија и би се санкционирале сторителите, пошто секако само тоа знаете да правите!!!Да крадете!!!Не се преправајте дека нешто ве допира и дека демек нешто преземате!!!Ни грам љубов, ни грам осет немате за оваа земја!!!Да би Вардар ве однел, да би!!!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.