Инспекторите на граѓаните им рушат и огради кога се на диво, а за Шилегов не преземаат ништо иако крена цел кат од зграда пред нивни очи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека инспекторатите треба да постапуваат и по допрен глас и тоа го прават кога станува збор за обичен граѓанин, но не и кога тој што гради без дозвола се вика Петре Шилегов и е градоначалник на Скопје во заминување.

Општина Карпош на чело со Стефан Богоев и инспекторатите под него се соизвршители во криминалот на Шилегов. Институциите наместо да излезат на терен и да го срушат катот дивоградба на зградата на Шилегов тие се впуштија во негово прикривање и помагање.

Шилегов го има земјиштето под зградата на негово име неколку дена откако пукна аферата за дивоградбата, поголем доказ дека градел на диво нема.

Дивоградбата на Шилегов треба да се сруши, а институциите да утврдат како и од кои пари Шилегов градел, дали има фактури за платени услуги за градба и од каде се парите, дали тие пари се пријавени во анкетниот лист на Шилегов или станува збор за средства кои не ги пријавил?!

Шилегов не може да избега од одговори и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.