Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми.
За неполн месец колку што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело на општините се откочија голем број на проекти и работи кои СДСМ не можат да ги реализираат цел мандат. 4 години додека беа тие ништо не се работеше и тоа е факт кој граѓаните го гледаа, оценуваат од партијата.

Наместо на капитални инвестиции се трошеа пари за непродуктивни набавки. Нема повеќе клупи од 300 и 500 евра во Аеродром како што имаше со СДСМ, ниту возила се плаќаат двојно поскапо како што плаќаше Шилегов.

Во Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Перров градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ една недела го чистеа ѓубрето кое тие од СДСМ претходно го оставиле.Во Гази Баба и Илинден се работи забрзано.
Градоначалникот на Штип и Охрид исто така работат и прават проекти за своите средини.
Секој еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е на терен со народот. Ги слуша и ги решава нивните проблеми.
Посветеноста и проектите се наша одлика и граѓаните ќе сведочат за разликата со СДСМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.