Богдан Илиевски ја коментира веста дека општина Аеродром планира изградба на голф терени во селото Лисиче.

Нов ден, нов т.ц. бисер од општина Маринов Гољфодром
„АКО НЕ МОЖАТ ДА ДИШАТ ЧИСТ ВОЗДУХ, НЕКА ИГРААТ ГОЉФ!“

 

Цитат од „сдк.мк“:

 

„Во руралниот дел на Општина Аеродром односно во селото Лисиче ќе се прават голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Терените ќе се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.
Од Општина Аеродром најавуваат дека овој проект би се реализирал за две години, односно во 2023 Скопје и земјава за прв пат ќе добијат голф комплекс, што било долгогодишно барање на голф федерацијата“.

 

https://sdk.mk/…/opshtina-aerodrom-ke-pravi-golf…/

 

– стварно имаме голф федерација проверив, има 6 клуба веројатно сите регистрирани од наши во дијаспората

 

– 2,5 милиони евра во РК Вардар да вложеа уште 4 години прваци на Европа ќе бевме

 

– веројатно патот кон Европа полесно се врви со гоЉф – пишува Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.