Иако учебната година нема да започне утре, сепак ЈСП одлучи да им дозволи на средношколците да се возат бесплатно во градските автобуси.

Ве информираме дека од утре, вторник (01.09.2020 година) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, стои во офиијалното соопштение на ЈСП Скопје.

Од пред три месеци во функција се и бесплатните годишни студентски билети, додека и натаму продолжува да не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела. Тоа е поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.