Општина Центар одобрила нов идеен проект за објектот спроти „Холидеј Ин“ иако Јавното обвинителството сè уште води предистражна постапка за овој случај. На овој простор е планирана изградба на висококатници според детален урбанистички план (ДУП) што неколкукратно ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план (ГУП). Архитекти бараат суспензија на планот за да се корегираат недостатоците, објави самопрашај.мк.

Општината сега е со став дека такво нешто може да и‘ нанесе финансиска штета на локалната самоуправа.

По анализа на законските одредби со кои е предвидена суспензија на урбанистички планови, утврдено е дека таквата „алатка“ ја поставува Општината во позиција на неизвесност во однос на исходот од процесот и неможност за проценка колку ќе ја чини таквиот чекор, бидејќи Законот за урбанистичко планирање општо предвидува дека Општината би ги плаќала евентуалните штети коишто ќе настанат од неспроведување на планот за време од неговата суспензија доколку не се донесе нов план во предвидениот рок, кој што е реално премногу кус. Не е пропишана методологија за проценката на штети од неспроведување на план, велат од Општина Центар.

Целиот текст на линкот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.