И утре приватните превозници нема да возат. Тие најавија протест о Скопје, незадоволни од градоначалничката Данела Арсовска поради неисплатени плати.

МВР информира дека најавениот протест ќе влијае на сообраќајот во главниот град.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на главниот град дека поради најавено одржување на протест, утре со почеток во 07 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.