На листата со лицата кои извршуваат јавни функции, а соопштија дека заминуваат во самоизолација, бидејќи имале во текот на работењето деновиве меѓусебни контакти се придодаде и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски. Тој својата одлука за повлекување во самоизолација ја соопшти на фејсбук.

После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата.

Денеска го направив тестот за Ковид-19 и резултатот го очекувам во текот на утрешниот ден.
Сакам да Ве известам дека во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро.

И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаевска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје.
Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита, напиша Смилевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.