Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски, утрово ги поддржа екипите во расчистување на снегот на терен.

Рано утрово директорот Сотировски им се придружи на екипите на терен во расчистувањето на снегот. Интензивно се чистат и ослободуваат натежнатите гранки од снегот со цел да се избегне кршење и оштетување на младите садници и грмушки.Исто така се расчистуваат и пешачките патеки во парковите, информираа од претпријатието.

Оттаму порачаа дека ја следат состојбата и доколку е потребно ќе интервенираат во попладневните и ноќните часови!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.