Во фабриката Охис во моментов истекува високо токсична и опасна материја, матенол, објави „Досие.мк“.

Според инфорамциите на порталот, при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја.

За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население.

Метанолот е токсична материја која доколу дојде во допир со организмот во мали количини предизвикува слепило, а во поголеми и смрт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.