Во невремето кое попладнево го зафати Скопје гром удрил во далновод и ја оштетил мрежата, поради што без електрична енергија останаа жителите на Центар и околните населби кои со струја се снабдуваат од трафостаницата Југ-нова.

Од ЕВН велат дека работат на премостување за жителите кај кои има прекин веднаш да добијат струја од друго место.

-Заедно со МЕПСО се работи на откривање на дефектот. Според очевидци, оштетувањето настанало од гром, но се работи на точно лоцирање. Веднаш штом се утврди, дефектот ќе биде поправен. Корисниците кај кои има прекин во скоро време ќе добијат струја оти паралелно се работи на нивно поврзување на други трафостаници, велат од ЕВН.

Очевидци јавуваат дека забележале експлозија откако гром удрил во 110-киловолтен далновод.

Освен Центар, без струја и интернет се и делови од Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.