Луѓе ова е повеќе од алармантно. Денес во 7 часот навечер одејќи си од предавање и вежби, тројца мажи со сива кола довикуваа да се приближам до колата, но за среќа ги игнорирав и продолжив и почнав да одам брзо. ВНИМАВАЈТЕ!!! Не посакувам на никого да го доживее овој страв! И дајте сите факултети нашите предавања, вежби и пракси да бидат во соодветен временски период затоа што ова е навистина доказ дека се случува нешто во нашата држава -напиша вечерва на фејсбук гевгеличанката Ели Сулева, која е на студии во Скопје.

Граѓаните го шеруваат нејзиниот статус и алармираат, посочувајќи дека е симптоматично што периодов се ислезнуваат многу лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.