Советот на Град Скопје за денеска закажа седница за расправата околу 570 нови имиња на улици, плоштади, мостови во главниот град.

Предлог-листата од старт наиде на отпор од граѓаните, пред се поради тоа што луѓето се против трошењето на нивните пари собрани во градскиот буџет, за промена на имиња на улици. Граѓаните сметаат дека реално постојат многу поголеми проблеми што Градот не ги решил откако има мандат актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, пишува „СкопјеИнфо“.

За загадувањето пари нема буџетот, ама затоа за чист популизам и менување на имиња на улици се наоѓаат. А, се прашувате ли воопшто дали таксистите, обичните луѓе сакаат да трошат пари за менување на документи, за да ги учат одново новите имиња?! Срамота! – коментираат скопјани.

Една од причините е и фактот што меѓу предлозите за промена на улиците се и Призрени Имер, Шкупи Јашар Беј, Шуку Халим – личности од Призренската лига, од каде потекнува идејата и залагањата за Голема Албанија, односно,обединување на сите Албанци во една голема држава на Балканот. За оваа идеја први се кренаа бранителите, објави „Слободен печат“.

Ставање имиња кои со сигурност би ги подгреале меѓуетничките односи, ја сум сигурен дека тоа не е во ред, без разлика каков е нивниот договор коалициски. Знаеме дека тие со оружје, насилно пробаа да го сменат поредокот во државата. Тргување со државата е недозволиво, без разлика на нивните политички договарања. Мора да водат сметка за интересите на граѓаните на РМ и нивните чувства.Со повреда на чувствата на граѓаните, они се самоуништуваат – порача Марин Најдов од одборот на бранителите.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија против, а излегоа и на протест оти не се сложуваат со промената. Сепак точката е на дневен ред, а како ќе помине и што ќе преовлада ќе се знае наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.