Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните – информираат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓанин од Скопје бара градот да ги снабди со заштитна опрема – маски, ракавици и скафандери, комуналните работници и другите работници од јавните претпријатија на град Скопје кои излегуваат на терен и вршат теренска работа. Работниците да не бидат голораки, кога цел работен ден се во допир со луѓе.
Друг граѓанин од Скопје предлага ЈП Водовод да ги замрзне сметките за вода во период додека трае кризата.
Во рамки на предлози за град Скопје друг граѓанин пишува да се зголеми бројот на автобуси кои сообраќаат, но да се ограничи бројот на патници кои можат да се качат во еден автобус.
Во однос на економијата, приватен стопанственик пишува дека мерките на владата се понижувачки и не му помагаат на бизнис секторот. Еден стопанственик бара плаќање на придонесите за вработените од страна на државата и субвенционирање на платата во висина од 50%.
Друг стопанственик бара укинување на ДДВ кај заштитните маски и ракаваци или негово времено намалување на 5%, како ќе се влијае на симнување на цената на овие производи.
Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected] .

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија – нагласуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.