Денес во соработка со ЈП „Улици и патишта“ поставена е пристапна рампа за лицата со попреченост, со цел по потреба да можат да пристапуваат кон канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во центарот на Скопје, односно на ул. „Ѓуро Стругар“ 15 А, информираа од ЈП „Градски паркинг“.

Од претпријатието ги потсетуваат лицата со попреченост дека се уште е во тек  процедурата за поднесување Барања за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

Лицата со попреченост Барањата можат да ги поднесат до 1 декември 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.