Огнен Коцевски, син на Данило Коцевски, најпознатиот хроничар на градот Скопје реагира зошто Градот не му оддал никакво признание на човекот кој знаеше најмногу од сите за главниот град на Македонија.

Данило почина на 13 септември 2020 година. Тој беше македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Познат е како хроничар на градот Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“, „Вест“ и емисиите на Македонската телевизија.

Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот, пишува синот Огнен Коцевски.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје објави дека улиците низ Скопје чии имиња беа сменети со македонски револуционери и битни настани, повторно ќе си ги вратат имињата. Така, по вторпат ќе се менуваат таблите за „Аминта Трети“ повторно да стане „Ленинова“, „Јордан Мијалков“ – „Железничка“…

Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици, пишува скопскиот градоначалник Шилегов.

Вкупно 571 улица во Скопје ќе добие ново име, Меѓу нив Кофи Анан, кројачот Ангелковски, Абдурахман Алити, Имри Елези од ОНА, Дејвид Боуви, Квин, Медена земја…

Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.

Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот, велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.