Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски утрово од својот дом во Железара до просториите на општина Гази Баба на работа дојде со пешаки, без автомобил.

Имајќи го предвид загадувањето на амбиенталниот воздух и мерките од Градот Скопје, ги повикувам граѓаните да ги користат можностите на бесплатниот јавен превоз.
Обврските на градоначалникот се теренски и на различни локации кои налагаат користење на автомобил, но во следниот период почесто ќе практикувам движење без автомобил.
Секој од нас да го даде својот придонес во намалување на загадувањето на воздухот.
Општина Гази Баба ќе ги превземе сите свои законски надлежности за санкционирање на загадувачите на амбиенталниот воздух, вели Стефковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.