Градоначалникот Блерим Беџети апелираше до жителите на Сарај да ги почитуваат здравствените мерки и да не прават семејни собири.

Јас сум во својство на член на претседателството и во својство на градоначалник и апелирав перманентно. За ваша информација, до пред две седмици немавме ниеден случај, што значи дека постојано се занимаваме со ова, не само јас, туку сите граѓани на општината. Но, за жал, оваа пандемија што го зафати целиот свет, нè фати нас во последниот период – изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.