Општина Кисела Вода на тендер ќе бира ревизорска куќа која ќе прави ревизија на работењето на претходната локална власт, предводен од поранешниот градоначалник Филип Темелковски.

„Во одговор на новинарско прашање кое се однесуваше на најавената ревизија за работењето за претходната локална администрација, посочив дека постапката е во тек и се чека да биде распишан тендер на кој ќе биде избрана надворешна ревизорска куќа која ќе ја води целата таа работа.

Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно нема да има штитење ниту толеранција кон никого. Тоа беше мое ветување пред граѓаните и јас ќе го исполнам, секој ќе добие еднаков третман. Законот ќе важи подеднакво за сите, нема отстапки“, напиша Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.