Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, како советник во општина Ѓ. Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од СДС донесоа одлука, во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда!, пишува советничката во општината Марија Андоновска на својот Фејсбук профил.

Замислете, во единствениот парк кој го имаме, тие ќе градат зграда! До вчера нè убедуваа дека ќе изграделе други паркови, како и тоа ќе се залагаат за нови зелени површини! Ниту нови паркови има, а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните. Градоначалникот на директно прашање, дали има личен имот на местото во паркот каде се предвидува новата зграда, одговори потврдно!, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.