Кршење на закони, кршење на деловник, кривично дело – тоа е она што денеска го направи градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Ѓорѓиевски кој на Совет на Општината на сила предизборно се обидува да го донесе ребалансот на Буџетот.

-Јас сум составен дел на советот, јас ги предлагам точките, учествувам од крај до крај, рече на опомената на претседателот на Советот,градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој од говорница почна да ги пита имињата на советниците, директно прашувајќи ги дали глазаат за ребалансот. Како што се гледа на видеото, тој е опоменат од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека истото се снима и дека за тоа ќе одговара кривично.

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Борче Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, информираат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.